Ahmet Sait Akçay
01 Август 2016•Ажурирај: 02 Август 2016
АДАНА (АА) - Турските власти уапсија Сириец осомничен за обид за шверцување лица кои се жители на Тринидад и Тобаго во јужна Турција. Осомничените биле регрути на терористичката организација ДАЕШ во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Изворот под услов на анонимност изјави дека полицијата стопирала автомобил со регистарски таблички од јужната покраина Мерсин кога автомобилот влегувал во јужната централна покраина Адана, при што 10 лица, вклучувајќи го возачот и девет жители на Тринидад и Тобаго, биле притворени врз основа на сомнение.
По првичната истрага, полицијата открила дека Сириецот Асем Х. се обидувал да ги пренесе странците во земјата разорена од војна, каде што тие би биле регрутирани од ДАЕШ.
Осомничениот Сириец по појавувањето на суд е задржан во притвор, додека останатите деветмина странци се префрлени во Управата за депортациски процедури за мигранти, на провинцијата Адана, вели изворот.