Arife Yıldız Ünal
01 Август 2016•Ажурирај: 02 Август 2016
АНКАРА (АА) - Благодарение на големиот број инвестиции во цивилното воздухопловство, Турција е една од земјите со најбрз развој на ова поле. Во последните неколку години се забележува значителен пораст на бројот на патниците кои патуваат со авион. Бројот на патници што во последните 10 години се превезуваат со авион на годишно ниво има пораст од 12,6 отсто, и од 62 милиони се зголеми на 182 милиони, јавува Anadolu Agency (AA).
Во внатрешниот сообраќај, во 2002 година, кога „Туркиш ерлајнс“ (THY) сообраќаше само од два центра кон 26 дестинации, по изминатите 14 години, денеска 6 воздухопловни агенции, од 7 воздухопловни центри во внатрешниот сообраќај во Турција извршуват летови кон 55 дестинации. Од друга страна, во споредба со 2003, кога на надворешните линии се летало до 60 дестинации, заклучно со крајот на јуни 2016 се лета до 281 дестинација во светот.
Споредувајќи го бројот на летови за првите 6 месеци од оваа година над турскиот воздушен простор, споредено со истиот период мината година, има зголемување од 4,5 отсто и сега тој изнесува 689.711 летови. Доколку тука се вбројат и транзините прелетувања, тогаш бројката изнесува 862.600 летови. Според една друга изјава, минатата година на секои 20 секунди еден авион минувал низ турскиот воздушен простор.
Заклучно со крајот на месец јуни 2016 година, 85 отсто од авионите што слетале и полетале од аеродромите во Турција биле комерцијални летови. Оваа година, од месец јануари до јуни, бројот на комерцијални летови, спореден со истиот период од лани е зголемен за 3,7 отсто и изнесува 589.776.
- Зголемување на бројот на внатрешниот и надворешниот воздушен сообраќај во Турција -
Во првите шест месеци од оваа година, забележан е пораст на бројот на летови во внатрешниот сообраќај. Внатрешниот сообраќај во првите шест месеци од оваа година, со пораст од 10,6 отсто, изнесува 428.388 летови. Надворешниот сообраќај за истиот период е намален за 4,2 отсто и изнесува 261.323 летови. Транзитните летови над турскиот воздушен простор имаат благ пораст од 0,9 отсто и во првте шест месеци од оваа година изнесува 172.889 надлетувања. На тој начин, турскиот воздушен простор во првите шест месеци од оваа година беше домаќин на 862.600 летови.