Zuhal Demirci
30 Ноември 2016•Ажурирај: 30 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу во Анкара се сретна со Ријад Хиџаб, високиот координаторот на делегацијата за преговори на Сириската опозиција и Национална коалиција на револуционерни сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Според дипломатски извори се дознава дека министерот Чавушоглу на средбата со високиот координатор Хиџаб разговарале за развојот на ситуацијата во Сирија, првенствено за настаните во Алепо.
На средбата било заклучено дека е потребно напорите да се вложат во постигнување што е можно побрзо запирање на судирите и испорака на хуманитарна помош во градот. Покрај тоа на средбата биле разгледани гледиштата и вложение напори околу изноѓањето на политичкото решение за конфликтот во Сирија.