Meltem Bulur
15 Мај 2018•Ажурирај: 15 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција го повика денес амбасадорот на Израел во Анкара, Еитан Наех и му врачи протестна нота поради израелскиот масакр врз палестинските демонстранти во Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
На израелскиот амбасадор во Министерството за надворешни работи на Турција му е порачано дека е 'најдобро привремено да ја напушти Анкара и да се врати во својата земја'.