Meltem Öztürk
15 Мај 2018•Ажурирај: 15 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Лидерот на најсилната турска опозициска Народна републиканска партија (ЏХП), Кемал Киличдароглу најостро го осуди насилството на израелските сили врз палестинските демонстранти во Газа и порача дека САД во потполност ја изгубиле улогата на медијатор во мировниот процес на Блискиот исток, јавува Anadolu Agency (AA).
Истакнувајќи дека САД застанале на страна на Израелските власти, Киличдароглу изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп и неговата аадминистрација не можат да донесат мир во регионот, туку само крвопролевање, солзи и смрт.
„Во неможност за решавање на внатрешните проблеми во сопствената земја, американскиот претседател посегна по промена на политиката во врска со Израел и така сака да го одврати вниманието на јавноста“, изјави Киличдароглу во обраќањето на клубот на претставници на ЏХП во турскиот парламент.
Киличдароглу изјави дека би сакал да види светот да застане против масакрот и неправдата во Палестина, но дека на сцена постои многу тивок протест.
„Арапскиот свет не е кадар да се обедини и погрижи за палестинското прашање, туку се јадат меѓусебно, се фаќа за гуша и влезе во играта на големите сили. Во историјата нема поголема срамота од тоа“, порача Киличдароглу.
Тој порача дека Турција се бори за палестинското прашање, а дека тоа арапскиот свет не го прави. Додаде дека Турција не може да се согласи на тивките осудување на масакрирањето на невини луѓе кои само ја бранат својата земја.