Ekipa
06 Ноември 2017•Ажурирај: 06 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Градскиот совет на Анкара на денешната специјална седница го избра кандидатот на владејачката турска Партија на правдата и развојот, Мустафа Туна, за нов градоначалник на главниот град на Турција, јавува Anadolu Agency (АA).
Изборот на градоначалник во Собранието беше организиран по неодамнешната оставка на градоначалникот Мелих Гокчек, а присуствуваа вкупно 136 делегати.
Поранешниот градоначалник на општина Синџан беше избран со гласањето на 104 парламентарни делегати. По гласањето, комисијата утврди дека 29 делегати предале непополнети гласачки ливчиња, а три гласа беа неважечки.
Откако беше избран, Туна им се заблагодари на делегатите за довербата, како и на партијата предводена од нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Ќе се потрудам да ја оправдам довербата, а за подобар живот во Анкара ни треба единство, и јас сум убеден во успехот. Искреноста, транспарентноста и праведноста се нашата основна филозофија на работа. Никој нема да има привилегирана позиција, ниту некој ќе има штета“, рече новиот градоначалник на Анкара, Туна.