Cankut Taşdan
19 Април 2020•Ажурирај: 20 Април 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека терористот Абдурахман Кајхан, познат под кодното име „Андок“, кој се вклучил во терористичката организација ПКК пред 5 години, со методата на убедување се предал во подрачјето Кизилтепе, во Мардин, југоисточна Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството, продолжува распадот на терористичката организација како резултат на кампањата на убедување на полицијата и жандармеријата.
Во овие рамки, припадникот на терористичката организација, Абдурахман Кајхан, кој се приклучил на ПКК пред 5 години, со методата на убедување се предал во областа Кизилтепе, во Мардин.
На овој начин, бројот на терористи што ја напуштија терористичката организација поради методот на убедување, од 1 јануари до денес се зголеми на 71.