Ayşe Hümeyra Atılgan
11 Декември 2016•Ажурирај: 11 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Терористичката група ПКК најверојатно стои зад терористичкиот напад кој се случи вчера во Истанбул, изјави вицепремиерот Нуман Куртулмуш, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа, две експлозии одекнаа во градот, најпрвин автомобил-бомба, а потоа, за помалку од една минута се разнесе бомбаш-самоубиец. Во нападот загинаа полицајци и цивили.
„Сите знаци укажуваат на ПКК”, рече Куртулмуш. Уште еднаш, ние искрено го повикуваме светот да престане да ги користи (терористичките организации) сега кога сите се бориме против тероризмот, изјави тој за приватен телевизиски канал.
„Цел на нападот беа полициски офицери”, изјави Куртулмуш, потсетувајќи дека автомобил-бомба е активирана пред фудбалскиот стадион во насебата Бешикташ во Истанбул, два часа по завршувањето на натпреварот меѓу Бешикташ и Бурсаспор, од Турската фудбалска лига, во Водафон Арената.
Тој истакна дека фановите на двата тимови веќе го напуштиле стадионот кога се случи нападот, додавајќи дека останале само полициските службеници поради безбедносни причини.
Куртулмуш наведе дека според експертите, во бомбашкиот напад бил користен експлозив со тежина од 300 килограми.
Вториот напад, кој се случи минута подоцна, бил предизвикан од бомбаш-самоубиец во паркот Мачка во истата населба. Тој се разнел, како што соопшти турскиот министер за внатрешни работи Сојлу, пред да го забележи полицијата.
Куртулмуш ги повика пријателите на Турција да се солидаризираат со земјата против последниот терористички напад, за кој рече дека, како и останатите, бил со цел да се уништи турската економија и туризам.