Andaç Hongur,Nuran Erkul Kaya
02 Мај 2018•Ажурирај: 03 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Најголемиот брод во светот „Pioneering Spirit“ (Пионеринг спирит) мина низ Босфорот и привлече големо внимание кај локалните жители и туристите во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за голем градежен брод со должина од 382 метри и ширина 124 метри, кој ќе работи на проектот за гасоводот „Турски тек“. На мегабродот има 562 работници од 40 земји.
Пловечкиот гигант, кој е неколкупати поголем од Титаник, во водите на Турција вплови пред два дена и помогна во поставувањето на гасоводот во морските длабочини.
По завршувањето на работите, „Pioneering Spirit“ преку Босфорот тргна кон холандскиот град Ротердам, од каде што ќе вплови во норвешките води на Северниот пол каде што ќе помага во поставувањето на нафтена платформа тешка 22.000 тони.
Бродот, кој може да носи тежина како две и пол Ајфелови кули, и на чија платформа може да се сместат пет авиони Erbus А380 (Ербас А380), во третиот квартал од годинава повторно ќе пристигне во Црното Море, со цел да работи на идната етапа од изградбата на „Турски тек“.