Fahri Aksüt
01 Јануари 2020•Ажурирај: 02 Јануари 2020
АНКАРА
Националната лотарија на Турција го поништи добитникот на специјалната новогодишна лотарија од 2018 година во вредност од 70 милиони турски лири (11,7 милиони долари) откако среќниот добитник не се појави во предвидениот временски рок, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Националната лотарија на Турција кажаа дека го поништиле добитокот под број 7615536 бидејќи добитникот не се појавил во предвидениот рок.
Лотарија на Турција наведе дека среќниот добитник на оваа награда повеќе нема право да ја подигне новогодишната награда од 2018 година.
Според турскиот закон, износот ќе биде префрлен во државната благајна и ќе биде искористен за јавни услуги.
Специјалната новогодишната лотарија на Турција за 2019 година изнесува 80 милиони турски лири (13,8 милиони евра), а извлекувањето на добитните броеви се одржува вечер.