Faruk Zorlu
02 Мај 2019•Ажурирај: 05 Мај 2019
СИРТ (АА) - Најмалку пет терористи на ПКК се неутрализирани во турската југоисточна област Сирт, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турската жандармерија уништи засолниште во југоисточната област Сирт и заплени нелегална муниција и оружје како дел од воздушната антитерористичка операција оваа недела“, истакнаа извори кои зборуваа под услов на анонимност.
Во меѓувреме, полицијата уапси 12 осомничени лица во егејската област Измир за поврзаност со терористите при операцијата против терористичката организација ЈПГ/ПЈД/ПКК.
Полицијата во операцијата исто така заплени документи на организацијата и дигитални информации.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и многу жени и деца.