Seda Sevencan
11 Септември 2020•Ажурирај: 12 Септември 2020
АНКАРА
Турските безбедносни сили неутрализираа најмалку тројца терористи во турската источна област Ван, се соопштува од Министерството за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Терористите се неутрализирани во судир со безбедносните сили за време на активности на пребарување спроведени во руралните области на подрачјето Чатак, во воздушна операција извршена како дел од тековната операција „Јилдирим-10“.
„Операцијата во регионот е во тек“, се соопштува од Министерството.
Операцијата „Јилдирим-1 Џуди“, во југоисточната турска област Ширнак изведена на 14 јули, и последователните операции, беа насочени кон неутрализирање на терористите кои се кријат во источна и југоисточна Турција.
„Најмалку 46 терористи се неутрализирани и 26 соработници заробени, 90 пештери, засолништа и складишта уништени, а голем број парчиња оружје, муниција и други залихи се запленети во операциите „Јилдирим“ до денес“, соопшти Министерството.
ПКК е сепаратистичка терористичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.