Barış Gündoğan
10 Октомври 2019•Ажурирај: 14 Октомври 2019
АНКАРА
Anadolu Agency (AA) го објави третото издание на книгата „Турција од небо“ на три јазици, во кое се објавени фотографиите на фоторепортерите на АА, направени со беспилотни летала од сите страни на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Книгата „Турција од небо“ е производ на една долгорочна работа. Објавена е на турски, арапски и англиски јазик.
Во книгата собрани се фотографиите на искусните фоторепортери на АА - од природата на Турција, нејзината историја, четирите годишни времиња, од плодните земјишта, градовите и нејзината архитектура. Книгата, исто така, претставува дело за модерните патници.
- „Се менува и природата на процесите за собирање и објавување вести“
Шенол Казанџи, претседател на Управниот одбор и генерален директор на АА, во воведот на книгата, истакнувајќи дека новите комуникациски технологии предизвикаа трансформација во медиумите, рече дека тие исто така ја промениле природата на новинарството и процесите на собирање и објавување вести.
Тој, истакнувајќи дека Anadolu Agency (AA) ги следи најновите технички достигнувања, рече дека во последните години видливи се фотографиите направени со беспилотни летала, претежно од небото, места кои не можат да се постигнат во нормални услови.
Шенол Казанџи исто така рече дека новите технологии обезбедуваат фотографии кои не можат да бидат направени во нормални услови.
„АА, како и во многу други области, предничи и во опремувањето на своите фоторепортери со беспилотни летала, со кои можат да се направат импресивни фотографии. Книгата „Турција од небо“ е подготвена токму од фотографии направени со помош на новите технологии. Тука може да се видат фотографии со нови перспективи кои досега не сте имале можност да ги видите“, нагласи Шенол Казанџи, претседател на Управниот одбор и генерален директор на АА.