Hasan Namlı
11 Октомври 2019•Ажурирај: 14 Октомври 2019
ДИЈАРБАКИР
Во операцијата што турските безбедносни сили ја спроведоа во местото Лиџе во областа Дијарбакир запленети се 5 тони и 312 килограми марихуана, заедно со 1 милион 337 илјади и 533 корени канабис, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го даде Гувернерството се наведува дека Командата на обласната жандармерија на 9 октомври започнала операција во планинскиот и шумски предел јужно од местото Лиџе, со цел елиминирање на терористите на ПКК, уништување на нивните засолништа и скривалишта, приложување конкретни докази за врската меѓу производителите на дрога и оние што тргуваат со неа и откривање на скриената дрога.
Во операцијата што е спроведена во рамките на активностите за борба против наркотероризмот, запленети се 5 тони и 312 килограми марихуана, заедно со 1 милион 337 илјади и 533 корени канабис.
Во операцијата спроведена во согласност со решението донесено од надлежните локални власти, приведени се 10 осомничени, во чии домови и возила е откриена дрога.
По спроведеното правно пребарување во пошумените подрачја и карпестите предели, закопани во земја во челични канистри се откриени пешадиска пушка „калашников“, револвер, 2 шаржера за муниција, муниција и терористичка облека.
Во соопштението се истакнува дека со зголемена определба и решителност продолжуваат операциите во рамките на борбата против тероризмот, со цел да се осигури безбедноста и мирот на населението што живее во регионот.