Handan Kazancı
06 Јануари 2021•Ажурирај: 07 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Во Турција од Украина донесени се таканаречените раководители на терористичката организација ФЕТО за два големи града во Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА)
Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека Салих Фидан и Самет Гуре, раководители на терористичката организација во Багдад, односно Ербил, се уапсени при обид за илегално поминување на украинско-полската граница.
„Турскиот суд издаде потерници за двајцата мажи под сомнение за членување во ФЕТО, организацијата која стои зад обидот за пуч во Турција во 2016 година“, се додава во соопштението.
Осомничените во моментот се наоѓаат пред Главното јавно обвинителство во главниот град Анкара.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на свои приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.