Ömer Süt
15 Август 2018•Ажурирај: 16 Август 2018
ИЗМИР (AA) - Турскиот Суд по вторпат го одби барањето за укинување на куќниот притвор и донесе забрана за напуштање на земјата на американскиот свештеник Ендрју Крејг Брансон, кој се наоѓа во притвор во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Адвокатот на Брансон, Исмаил Џем Халавурт, претходно упати барање на одлуката за куќен притвор и забраната за напуштање на земјата на американскиот свештеник. Вториот Казнен суд во Измир донесе едногласна одлука, според која куќниот притвор на Брансон продолжува, како и забраната за напуштање на земјата.
Адвокатите на Брансон имаат право да упатат жалба на Вишиот суд.
Ендрју Крејг Брансон е уапсен на 9 декември во 2016 година и оттогаш се наоѓа во притвор. Обвинет е за дејствување и шпионажа во корист на терористичките организации ПКК и ФЕТО.
На барање на Обвинителството, Судот во Измир на 18 јули му изрече мерка притвор во текот на судската постапка, но, поради неговите здравствени проблеми, одреден му е куќен притвор.
Во обвинението кое го покрена Обвинителството во Измир се наведува дека Брансон бил во контакт со членовите на терористичката организација ФЕТО.