Mümin Altaş
01 Јули 2019•Ажурирај: 01 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Потпретседателот на Турција, Фуат Октај, истакна дека Република Турција со своите претставништва низ светот се залага за заштита на безбедноста на своите граѓани, јавува Anadolu Agency (AA).
Октај, во изјавата во врска со држењето на турските државјани во Либија, истакна дека од моментот кога се приведени турските државјани од страна на илегалните сили на воениот командант од источна Либија, Калифа Хафтар, во согласност со директивите на претседателот Реџеп Таип Ердоган, Министерството за надворешни работи на Турција, Амбасадата на Турција во Либија и сите други засегнати институции своите задачи ги извршуваат со внимателност.
Истакнувајќи дека контактираат со турските граѓани во Либија, кои се во добра здравствена состојба, Октај рече:
„Сите засегнати институции работат на тоа државјаните на Турција да бидат вратени во земјата што е можно побргу. Ако нашите државјани не бидат ослободени под итно, тие што ја изведоа таа операција ќе бидат 'легитимна цел' и последиците ќе бидат сериозни. Република Турција, со сите нејзини институции, без оглед на тоа каде се наоѓаат во светот, се залага за заштита на безбедноста на своите граѓани и нивните права“, нагласи Октај.