Muhammed Boztepe
01 Јули 2019•Ажурирај: 02 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Двајца терористи се неутрализирани при воздушните операции на турските воени сили во регионот Авашин-Басјан на северот на Ирак, во рамките на операцијата „Канџа“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за одбрана на Турција, како дел од операцијата „Канџа“ извршени се воени операции во северниот дел на Ирак.
Во рамките на операцијата уништени се упоришта, засолништа и магацини за муниција користени од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, а неутрализирани се уште двајца терористи.