Sinan Uslu
14 Април 2018•Ажурирај: 15 Април 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот Генералштаб денес објави соопштение во кое се наведува дека од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ во сирискиот Африн, биле неутрализирани 4.157 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се вели дека за време на операцијата во Африн биле убиени 52 турски војници, додека 232 биле повредени.
Во операцијата, исто така, уништени се 107 мини и 781 импровизирани експлозиви.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со Турското право, засновано на Меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот: 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Од Турскиот Генералштаб се соопштува дека за време на антитерористичките операции во турските области Тунџели, Дијабакир и Ширнак и во северен Ирак, во период од 7 до 13 април биле неутрализирани 67 терористи. Дваесет и седум од терористите биле неутрализирани во земјата, додека преостанатите 40, надвор од земјата. „Меѓу неутрализираните терористи се наоѓа висок претставник“, се додава во соопштението.
За време на антитерористичките операции запленети се и 44 парчиња оружје, вклучувајќи пешадиски пушки, снајпери и митралези, додека 84 импровизирани експлозиви, 47 магацини за оружје, засолништа, пештери и депоа биле уништени.
Во соопштението се известува дека двајца војници биле убиени, а десетмина повредени во рамките на овој период.
Сепаратистичката организација ПКК се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ. Покрај Турција, ПКК дејствува и во северниот дел на Ирак и Сирија преку ПЈД/ЈПГ, огранок на ПКК.
Турските сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во Турција и во северниот дел на Сирија и Ирак.