Serdar Açıl
27 Ноември 2018•Ажурирај: 27 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Во рамките на истрагата за структурата на терористичката организација ФЕТО во Командата на воздухопловните сили, Јавното обвинителство на Анкара донесе одлука за приведување на 82 активни воени лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението што го објави Обвинителството, поради воспоставување контакт со „доверливите имами“ преку телефонски говорници и припејд броеви и откривањето дека преку оперативни линии кои се заведени под друго име комуницирале со доверливите имами, донесена е одлука за приведување на 82 припадници на Командата на воздухопловните сили.
Со наредба издадена од страна на Обвинителството, екипите на Одделението за организиран криминал при полицијата на Анкара започнаа операција за приведување на 82 активни воени лица, од кои 1 капетан, 1 поручник и 80 подофицери. Операцијата е во тек, а приведените војници ќе бидат пренесени во полициската станица во Анкара за да им се земе изјава.
Терористичката ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.