Kenan Irtak,Uğur İslamoğlu
25 Јануари 2017•Ажурирај: 25 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку четири лица се повредени во ескплозија и пожар кои денес избија во фабрика за пластика во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Во фабрика за пластика во индустриската зона Ататурк денес одекна силна експлозија, а потоа изби пожар.
Во експлозијата се повредени четири работници кои се префрлени во болница, а прелиминарните резултати од истрагата укажуваат дека до експлозијата дошло поради погрешна интеракција на суровините.
На местото на настанот на европскиот брег на Босфор се упатени голем број на пожарни, полициски и други надлежни служби, а за време на гасењето на пожар повремено се слушаат помали експлозии во кругот на фабриката.