Mücahit Türetken,Ali Cevahir Aktürk
22 Ноември 2016•Ажурирај: 22 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во трикатна фабрика за чевли во областа Бајрампаша во Истанбул утрово избувна пожар, при што спасувачките екипи успеаја да ги евакуираат работниците од објектот, јавува Anadolu Agency (AA).
Голем број спасувачки екипи се обидуваат да ја стават под контрола огнената стихија што ја зафати трикатната зграда на една фабрика за производство на обувки во индустриската зона Балташ Килимџилер.
На местото на настанот исто така пристигна и полицијата која ги презема потребните мерки за безбедност со оглед на тоа што пожарот избувна во зграда каде што има големо количество запаливи материјали.
Пожарот избувна на првиот кат на фабриката, но огнот брзо се рашири во целата зграда.
Над истанбулската населба Бајрампаша во моментов има густ облак од чад, а сообраќајот во непосредна близина на фабриката е прекинат.