Necva Taştan
15 Октомври 2023•Ажурирај: 16 Октомври 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Состанок на Заедничкиот план за акција и политички консултации меѓу Туркије и Грција треба да се одржи во Атина на 16 и 17 октомври, соопшти денес турското Министерство за надворешни работи, јавува Анадолу.
Во рамките на Дијалогот за позитивна агенда, делегациите предводени од заменик министерот за надворешни работи на Туркије, амбасадорот Бурак Акчапар, и неговиот грчки колега Константинос Фрагојанис, ќе одржат средба на 16 октомври, се вели во соопштението на Министерството.
„Планиран е преглед на напредокот постигнат од последниот состанок во Анкара на 22 март 2023 година... за развојот на билатералните односи во трговијата, економијата, енергетиката, транспортот, образованието, здравството и животната средина, како и општествените односи“.
Ќе се истражат и нови области на соработка кои можат да бидат вклучени во процесот.
Во рамките на редовните политички консултации меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји, на 17 октомври ќе се одржат и разговори на ниво на делегации на кои ќе се разговара за билатералните односи, како и за регионални и меѓународни прашања.