Ümit Kahrıman
10 Април 2016•Ажурирај: 10 Април 2016
ОСМАНИЕ (АА) – Песот-трагач „Crazy“ веќе седум години е во служба на турската полиција и досега има учествувано во многубројни операции во кои открил повеќе од пет тони скриена дрога, а воедно е и неразделен пријател на својот дресер, полицаецот Ахмет Џошкун, пишува Anadolu Agency (AA).
Во разговорот со новинарот на АА, Џошкун истакна дека неговиот пес го купил пред седум години од еден познаник, додека песот сè уште бил тримесечно бебе, со што вложил големи напори од германски волчјак, наменет како полициски пес-чувар и пес за напад, да одгледа пес за откривање на дрога.
“Веќе седум години работам секојдневно со мојот пес, кој го нареков ‘Crazy’ поради неговата енергичност. Имаше многу одрекувања, но успеавме да развиеме исклучиво силни сетила, што докажуваат на бројните успешни полициски операции во кои ни помага ‘Crazy’”, изјави Џошкун.
Истакнувајќи дека досега работел во три турски покраини на откривање нарко-криумчари, Џошкун рече дека моментално работа во полициската станица во градот Османие и дека е омилен меѓу полицајците.
Во бројните операции во кои учествувавме во Бингол, Ван и Османие, "Crazy" пребара бројни локации, камиони, возила и објекти.
“Последен голем успех имавме во јануари оваа година кога во едно напуштено возило откри 201 килограм хероин. За време на седумгодишната служба во три различни градови, мојот пес откри над пет тони наркотици од различен вид”, изјави Џошкун.
Полицискиот пес е специјално обучен пес за посебни намени во полициската служба и други органи за спроведување на законот.
Во многу законодавства, ранувањето на полициски пес се смета за кривично дело.
Бројот на полициски служби во светот кои ги штитат своите песови со панцири, расте. Песот убиен на должност, неретко, во бројни земји во светот се погребува со државни почести.