Meryem Göktaş
25 Април 2017•Ажурирај: 25 Април 2017
АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, денес изјави дека во наредните месеци би можело да дојде до промени во кабинетот на турската Влада, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Во демократските системи одвреме-навреме е потребно да се освежи крвта во кабинетот на владата. Во тој контекст, секако дека е можно и ние да ги направиме тие промени. Тоа ќе го сториме со консултации со нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Мислам дека тоа прашање ќе го разгледуваме во наредните месеци”, изјави Јилдирим во денешното интервју за медиумската мрежа „Bloomberg News“ (Блумберг њуз).
За време на интеврјуто во палатата Чанкаја во Анкара, Јилдирим одби да одговори за можните имиња кога станува збор за најавените промени во владата.
Тој се осврна и на неодамна спроведениот референдум за уставни промени, на кој поголемиот дел од гласачите ја поддржаа уставната реформа којашто вклучува премин во претседателски систем на управување и која ќе му овозможи на претседателот на државата да биде и активен член на политичка партија.
„Ќе ми биде задоволство да упатам повик до претседателот Ердоган за повторно членство во Партијата за правда и развој (АК Партија). Нема препреки за негово враќање на чело на партијата“, изјави Јилдирим.
„Турската економија дава сигурност и на сопствените граѓани и на целиот свет. Тоа е економија што има план за раст и во иднина, и за задоволување на идните очекувања на нашите граѓани“, заклучи Јилдирим.