Orhan Onur Gemici
26 Април 2017•Ажурирај: 26 Април 2017
АНКАРА (АА) - За пронаоѓање на инфилтрираните членови на терористичката организација ФЕТО во полициските редови, спроведена е истовремена акција во 81 област во Турција во која учествуваа 8.500 полицајци. Во дел од операциите кои беа спроведени во 54 области, приведени се 803 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на АА, во рамките на истрагата што ја спроведува Јавното обвинителство во Анкара против структурата на ФЕТО/ПДЈ, Генералната дирекција на Полицијата за борба против криумчарење и Oдделот за борба против организираниот криминал спроведоа истовремена заедничка акција за пронаоѓање на инфилтрираните членовите на ФЕТО/ПДЈ во полицијата.
Операцијата беше спроведена во 81 област, на ниво на цела Турција, со учество на 8.500 полицајци. Досега во 54 области приведени се 803 осомничени.
Продолжуваат операциите за пронаоѓање на осомничените.