Претседателот Ердоган стана член на Партијата за правда и развој
Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган со потпишување на пристапница стана член на АК Партија
Burcu Çalık
02 Мај 2017•Ажурирај: 02 Мај 2017
Ankara
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, со потпишувањето на пристапница за членство стана член на Партијата на правдата и развојот (AK Parti), јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган, во седиштето на партијата во Анкара, потпиша формулар за пристапување во партијата чиј е и основач, и во која се врати по 979 дена.
Со уставната измена изгласана на референдумот одржан во Турција на 16 април, укината е практиката претседателот на државата да мора да ја прекине врската со партијата.
На третиот вонреден конгрес на АК Партијата, што ќе се одржи на 21 март, ќе бидат одржани избори за раководните органи на партијата, а се очекува дека Ердоган ќе дојде на местото претседател на партијата.