АНКАРА (АА) – ПКК која претставува закана за Турција, воено е потпомогната од САД со што ги зајакнува своите позиции на сириската граница. Според договорот на НАТО, САД која има обврска да се грижи за безбденоста на „сојузникот Турција”, ги прекршува целите на алијансата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во договорот на НАТО, алијанса за чие оснивањето и равојот САД има најголема улога, се истакнува дека за колективната одбрана, мир и безбедност на членките, потребно е обединување на силите.
Во членот 3 од договорот на НАТО се вели „… Страните, поединечно и заеднички, потребно е постојано и ефикасно да дадат заемна помош, и при вооружен напад, ќе го покажат капацитетот на индивидуален и колективен отпор”.

Според членот 5 на Договорот на НАТО, земјите членки на алијансата се обврзуваат доколку врз една членка или повеќе од нив е извршен вооружен напад, тоа да биде окарактеризирано како напад насочен кон сите, при што ќе им биде помогнато на страната или страните врз кои е извршен нападот.
- САД ги претставува продолжетоците на ПКК како свои сојузници
САД која е сојузник со Турција, го привлече вниманието врз себе по изјавата која ја даде по нападот кој турските вооружени сили го изведоа во планинското подрачје Карачок Даги врз целите на ПЈД/ПКК.
Портпаролот на Пентагон, мајор Адријан Ренкин Геловеј даде писмено известување за АА во кое се истакнува: „Ова воздушна операција не беше одобрена од страна на коалицијата која се бори против ДЕАШ и беше причина за несреќна смрт на курдските Пешмерги кои се вклучени заедно со нашиот сојузничките сили во борбата против ДЕАШ.”
- Американски проектил како одговор на операцијата на ТСК во Карачок
Беше установено дека по воздушните напади кои Турските вооружени сили (ТСК) ги изведе на 26 април врз целите на ПКК во подрачјата на Карачок во Сирија и Синџар во Ирак, терористичката организација одговори со напад врз ТСК во пограничниот дел со проектили TOW кои се од американско производство.
Терористите изведоа напад врз караула во Кизилтепе, при што на социјалната мрежа споделиле видео на кое се забележани моментот на испукување на проектилот, при што според звукот на испукување и напредувањето на проектилот кон целта, разбирливо е дека станува збор за проектилот TOW.
По разгледувањето на видеото и испитувањето од страна на воени извори, споредувајќи со местото од каде е испукан проектилот, потврдено е дека станува збор за проектилот TOW.
На видеата кои членовите на ПКК претходно ги имаа споделено на интернет, може да се забележи дека во својот арсенал тие поседуваат антитенковски проектили од амедиканско потекло BGM-71 TOW.
ПКК, користејќи ја територијата на Сирија, на неколкупати од 26 април досега изврши повеќе напади врз Турција која е членка на НАТО. Терористичката организација од Африн и Хасака извршија вооружени напади врз 5 погранични караули. По последниот ракетен напад врз караулата сместена во близина на градот Џејланпинар, во подрачјето на Шанлиурфа, ТСК одговори соодветно, при што беа неутрализирани 11 терористи.
- Останато оружје на САД кое е во рацете на ПКК
По извршеното разгледување и преглед на видеоматеријалите кои членовите на ПКК војувајќи во Сирија ги споделиле на социјалните мрежи, покрај проектилите TOW, можат да се забележат и следните оружја и воени возила од американско потекло:
Повеќеракетни фрлачи и лансирни рампи, 80 и 120 мм минофрлачи, фрлач на гранати MK19, автоматски пешадиски пушки М4 и М16, воени возила од типот Humwee, оклопно возило Cougar, безпилотни возила за надгледување.
И покрај повеќекратните барања од Турција за купување на противтенковските проектили FGM-148 Javelin, САД ги одби барањата, но го споделува ова оружје со членовите на ПКК во Сирија. Покрај тоа, теористичката организација во својот арсенал на вооружување ги поседува и противтенковскиот систем Milan за лесната пешадија од француско производство и снајперската пушка Драгунов која може да се најде на црната брза. Локалните извори тврдат дека ова вооружување им е доставено на терористите од страна на САД.
- Зазедоа 65 отсто од турско-сириската граница
Особено во последните 2 години, ПКК благодарение на зголемената воената помош од страна на САД, под изговор за борба против ДЕАШ, успеа да окупира голема површина во Сирија.
Според премерот на картата од страна на АА, 20 отсто од целата територија на Сирија и околу 65 отсто од турско-сириската граница се наоѓа во рацете на организација. Оваа терористичка организација под своја контрола држи важна територија од 39 квадратни километри која и припаѓа на арапското население.
- САД се крие зад маската на „Сириските демократски сили (СДС)”
САД која во Сирија милитантите на ПЈД/ПКК ги претставува како свои сојузници, на ниво на целата земја за нив го користи името „Сириските демократски сили (СДС)”
ПЈД/ПКК која со оружје и логистичка поддршка за блиски ги чувствува некои мали вооружени групи во Сирија, на 12 октомври 2015 ги здружи под заедничко име СДС.
Од основањето, најголем дел на СДС се членови на ПЈД/ПКК. Кај сите членови на терористичката организација и водачи беа поделени амблеми и униформи со логото на СДС.
Откако се премина кон името СДС, САД забрзано ја зголеми својата помош кон ПЈД/ПКК. Американското раководство се обиде да ги спречи реакциите на Турција прикажувајќи дека воената помош и оружје не ѝ се дава на ПЈД/ПКК туку на СДС. Дури американската администрација тврди дека оружјето и се дава само на „Сириската арапска коалиција” која е дел структурата на СДС. Но познато е дека бројноста на Сириската арапска коалиција не надминува неколку стотици членови.