İlker Girit
15 Ноември 2016•Ажурирај: 16 Ноември 2016
АДАНА (АА) - Најмалку шест осомничени лица за поврзаност со терористичката органзација ДЕАШ се уапсени утринава во полициска акција во југоисточната област Адана, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименувано полициско официјално лице за АА изјави дека специјалните полициски тимови за борба против тероризмот утринава извршиле претрес на повеќе адреси во покраината Адана.
За време на акцијата уапсени се шест осомничени припадници на терористичката организација ДЕАШ, кои се предадени на надлежните правосудни органи во Адана.
Во утринската акцијаа учествуваа и специјални единици со оклопни возила. Запленета е поголема количина на експлозиви и оружје.
Во слична акција која турските сили ја извршија минатиот месец во покраината Газиантеп, дојде до силна експлозија во која загинаа тројца полицајци.
Терористичката организација ДЕАШ се смета за најголема закана на глобалната безбедност денес, а Турција се наоѓа во соседство со Ирак и Сирија кои се бастиони на таа терористичка група и води жестока борба против терористите на северниот дел на Сирија. Затоа Турција е една од метите на терористите на ДЕАШ.