Cem Genco
12 Ноември 2017•Ажурирај: 13 Ноември 2017
ХАТАЈ (АА) - Со партнерство на Фондација за хуманитарна помош 'Човекови права и слободи' (ИХХ) и Катарската организација за помош (РАФ), и соработка на министерството за семејство и социјална политика и Фондација за сирачиња, во местотот Рејханли во областа Хатај изграден е Детски центар за живот во кој 340 деца од Сирија се подготвуваат за својата иднина, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Рејханли, на површина од 100 декари (100.000 квадратни метри) изградени се 55 вили, а отворањето на комплексот беше извршено на 18 мај. Во овие вили се сместени децата жртви од војната. Освен сместување, на децата им е овозможено школување, здравствена заштита, центар за рехабилитација, храна, облека и секој друг вид потреби кои се среќатаат во домашни услови.

Машките деца се сместени во 35 вили, додека девојчината престојуваат во преостанатите 20 вили. Секоја вила е со поврина од 350 квадратни метри. На вториот кат има спални за сместување на 18 деца, соба за претставник на персоналот кој се грижи за децата, тоалети, туш кабини. Во долниот дел на вилата има кујна, трпезарија, работна просторија, просторија за учење, соба за играње и тоалет.
Покрај вилите, во комплексот има објект за услуги, три училишта кои даваат образование на ниво на основно и средно чилиште, центар за рехабилитација, центар за состаноци и презентации, спортска сала, социјален објект, објекти за сместување на персоналот кој работи во центарот, објект за сместување на гости, културен центар во кој се презентираат спостобностите на децата, објект за средба на децата со своите семејства, детски парк, полиња за сеидба и садење, рекреативни терени и зоолошка градина.

„Сирачињата од Сирија се подготвуваат за иднината”
Претставник за печаот на Фондација за хуманитарна помош ИХХ за Сирија, Селим Тосун за АА изјави дека вложуваат големи напори сирачињата од Сирија да бидат подготвени за иднината.

Тосун информирајќи дека објектот е завршен за време од 18 месеци, додаде „Персонал од 300 лица им ја даваат потребната помош на децата. Се надевам дека со растот на бројот на децата ќе се зголемува и бројот на персоналот кој ќе им помага. Освен образование, на сирачињата им се дава и психолошка помош. Одблизу се грижиме за децата и им ја даваме сета потребна помош. Образованието продолжува без прекин. Во моментов работат 3 училишта.”