Utku Şimşek,Yusuf Soykan Bal
23 Јули 2025•Ажурирај: 24 Јули 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Сириската Влада побара официјална поддршка од Турција за зајакнување на одбранбените капацитети и борбата против терористичките организации, особено ДЕАШ, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, јавува Анадолу.
„Во согласност со барањето, во тек се напорите за пружање обука, консултации и техничка поддршка за подобрување на одбранбените капацитети на Сирија“, соопшти Министерството.
„Примарната цел на Турција е да ја поддржи политичката целина и територијалниот интегритет на Сирија и да ги предводи напорите за постигнување траен мир во регионот“, се додава во соопштението.