Ekipa
10 Март 2021•Ажурирај: 10 Март 2021
МЕРСИН (АА) - Со учество на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Русија, Владимир Путин, положен е камен-темелникот на третата единица на нуклеарната централа „Акују“ во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган во обраќањето на свеченоста преку видеоконференциска врска истакна дека одлуката за вклучување на нуклеарната енергија во енергетската инфраструктура на Турција е стратешки чекор кон сигурноста на снабдувањето со енергија.
Нагласи дека целта на Турција е производство на енергија без нанесување штета на животната средина, односно преку тој пристап да се дојде до нуклеарна енергија.
Турскиот претседател рече дека уделот на обновливата и домашната енергија во рамките на инсталираната енергетска сила е 63,7 отсто.
„На 100-годишнината од нашата Република, Турција ќе ја додадеме во лигата на земји со нуклеарна енергија“, порача Ердоган.