Erdoğan Çağatay Zontur
27 Август 2019•Ажурирај: 28 Август 2019
АНКАРА
Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, денес изјави дека во Турција се останати помалку од 600 терористи, благодарение на борбата на Анкара против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние сме на врвот на нашата решителност и успех во елиминацијата на тероризмот“, рече Сојлу.
Иако министерот не спомена конкретна терористичка група, Турција долго време спроведува операции против терористичката организација ПКК во регионот.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на 40.000 лица, меѓу кои има и жени и деца.