Cüneyt Karadağ
17 Февруари 2018•Ажурирај: 17 Февруари 2018
МИНХЕН (AA) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека односите со Германија сега треба да бидат насочени кон попозитивна агенда, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу се состана со германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, на 54-тата Минхенска безбедносна конференција. По средбата, Чавушоглу и Габриал одржаа заедничка прес конференција.
Осврнувајќи се на ослободувањето на новинарот на „Die Welt “ Денис Јуџел, Чавушоглу истакна дека ова е само прашање поврзано со судството и рече: „Го направивме тоа, што може да се прави во административната област. Обвинението не беше подготвено. Го замоливме Министерството за правда да го забрза процесот. Независните судови одлучија. Исто така, сакавме да биде трпелива и германската страна, и им кажавме дека тоа ќе биде одлуката на судиите и обвинителите. Сега треба да се ориентираме кон попозитивна агенда во односите“.
Тој изрази задоволство од учеството на 54-тата меѓународна безбедносна конференција во Минхен и истакна дека ова е многу добра платформа за дискусија околу регионалните и безбедносните прашања.
Чавушоглу рече дека разговарале за тоа како да ги зајакнат меѓусебните односи со својот колега Габриел. „Разговарав со мојот пријател Габриел. Зборувавме за тоа како ќе развиеме билатерални прашања и билатерални односи и ќе го координираме новиот состанок во следниот период“.
Чавушоглу, исто така, истакна дека како министер за надворешни работи, тие ќе продолжи да работат заедно за да се зајакнат билатералните односи меѓу Германија и Турција.
- Зигмар Габриел
„Знам дека одлуката е независна“ ,рече германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, за ослободувањето на Дениз Јуџел.
Габриел изрази задоволство што се сретнал со Чавушоглу. „Ние сме партнери во НАТО. Имаме исти интереси во безбедноста“, истакна германскиот министер.
Министерот Габриел осврнувајќи се на односите со Турција рече: „Се разбира, постојат некои прашања, во кои не се согласуваме. Сепак, неодамнешните преговори меѓу нас и меѓу владите се позитивен сигнал за иднината. Решивме да ги забрзаме преговорите со цел да ги олесниме состаноците за да разговараме за деловната соработка, како што се економијата и енергијата“.
Во иднина, тој рече дека двете земји ќе ги продолжат своите преговори врз основа на почит. Габриел му се обрати на својот колега на турски јазик: „Му се заблагодарувам на пријателот Мевлут“.
Исто така, германскиот министер додаде дека со меѓусебни разговори можат да се решат проблемите.