Zuhal Demirci
20 Јуни 2020•Ажурирај: 20 Јуни 2020
АНКАРА (АА) – Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, оствари телефонски разговор со неговиот руски колега, Сергеј Лавров, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од дипломатски извори, во телефонскиот разговор Чавушоглу и Лавров се фокусирале на регионалните прашања, билатералните односи, епидемијата од новиот вид коронавирус, Ковид-19, и на теми од областа на туризмот.