Davut Demircan
10 Јули 2020•Ажурирај: 12 Јули 2020
АНКАРА
Терорист на ПКК се предаде на безбедносните сили во југоисточна Турција, соопшти турското Министерство за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се вели дека терористот се предал како резултат на вложените напори на убедување од страна на Турската национална полиција и генералната команда на жандармеријата.
„Заедно со терористот кој се предаде во Мардин преминувајќи ја границата, последните два дена се предадоа шест членови на организацијата“, се вели во соопштението.
„Годинава се предадоа 101 терорист како резултат на вложените напорите на безбедносните сили, кои продложуваат и понатака“, се додава во соопштението.
Терористите на ПКК често се засолнуваат во северен Ирак и планираат прекугранични терористички напади во Турција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.