İbrahim Erikan
15 Мај 2018•Ажурирај: 16 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - По нападите врз демонстрантите кои протестираа по должината на границата на Газа и Израел и големиот број загинати Палестинци, Турција прогласи тридневна национална жалост, поради што од денеска знамињата во цела Турција се симнати на половина копје, јавува Anadolu Agency (AA).
Националните знамиња поставени на општинските објекти, државните институции и објектите на другите организации низ цела Турција се симнати на половина копје.
Вчера израелските војници убија 59 Палестинци, меѓу кои и едно бебе на милионскиот протестен марш организиран поради префрлувањето на Американската амбасада во Ерусалим (Кудс) и 70-годишнината од формирањето на израелската држава, датум кој Палестинците го одбележуваат како Накба - (Голема катастрофа), по кој следува егзодусот на Палестинците спроведен од страна на Израел.