Halil Demir
15 Мај 2018•Ажурирај: 16 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Во акција против терористичката организација ДЕАШ организирана во Истанбул приведени се 54 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
AA дознава дека тимовите за борба против тероризмот започнаа акција за приведување лица за кои се сомневаше дека делуваат во име на терористичката организација ДЕАШ и дека подготвуваат активности.
Претресите се извршени на 19 адреси во 13 области, а приведени се 54 странски државјани.
При претресот запленета е поголема количина на документи и дигитален материјал.