Ali Korkmaz
05 Август 2022•Ажурирај: 07 Август 2022
ИЗМИР (АА) - Во акција насочена против криумчарење на антиквитети, организирана во турскиот град Измир, запленета е статуа од периодот на 9.500 година пред новата ера, јавува Агенција Анадолија (АА).
Полициската управа во Измир соопшти дека тимови на Службата за борба против криумчарење утврдиле дека шверцери од Мардин ќе го донесат антиквитетот во Измир.
Во организирана акција е одземена статуата висока 70 сантиметри и широка 30 сантиметри, за која се проценува дека потекнува од праисторискиот период, односно од периодот на 9.500 години пред новата ера.
Статуата има слични карактеристики како оние пронајдени за време на археолошките ископувања во други делови на земјата, вклучувајќи го и популарниот локалитет Ѓобеклитепе.
Статуата е предадена на Дирекцијата за музеи во Измир, а три лица се приведени.