Hüseyin Bağış
16 Јули 2023•Ажурирај: 17 Јули 2023
Во подрачјето на Конак во турската област Измир се фатени 170 странски државјани што на илегален начин влегле во Туркије, пренесува Анадолу.
Безбедносните тимови извршиле рација во деловни простории и во куќи во кои привремено се засолниле овие странски државјани во местото Басмане.
Турските сили фатија 170 странски државјани. Откриено е дека овие лица илегално влегле во Туркије.
Фатените странски државјани се пренесени во центрите за враќање, при што ќе бидат депортирани од земјата.