Mustafa Güngör
20 Декември 2022•Ажурирај: 21 Декември 2022
ИЗМИР (АА) - Во рамки на опсежната акција на турската полиција против структурите на терористичката организација ФЕТО во Турските вооружени сили и во цивилните структури, од слобода лишени се 17 од 30 осомничени терористи по кои се трага, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што соопшти Републичкото обвинителство во Измир, во рамките на истрагата против терористичката организација ФЕТО, наредено е лишување од слобода на десет активисти, шестмина пензионирани војници и на 14 поранешни ученици во воените училишта.
Според истиот извор, активните и пензионираните војници биле дел од Копнените сили на Туркије, и тоа петмина од нив, четворица биле или се дел од Воздухопловните сили, еден војник бил дел од Крајбрежната стража, додека шестмина осомничени биле во жандармеријата.
Со истрагата утврдено е дека осомничените користеле фиксни телефонски говорници за комуникација во структурите на терористичката организација.
Акцијата за апсење на осомничените терористи е започната во 12 турски области, а досега се приведени 17 лица. Акциите за пронаоѓање и апсење на останатите осомничени се во тек.
Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Туркије ноќта на 15 јули 2016 година. Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави, чија екстрадиција Туркије официјално ја побара од САД.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која претставува опасност не само за Туркије, туку и за секоја друга земја каде што е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските официјални претставници. За време на обидот за пуч во Туркије загинаа 251 лице, а околу 2.200 беа ранети.