Ahmet Gençtürk
07 Декември 2023•Ажурирај: 08 Декември 2023
АТИНА (АА) - Туркије и Грција денес ја објавија „Атинската декларација за пријателски и добрососедски односи“ за време на официјалната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Атина, главниот град на Грција, јавува Анадолу.
„Препознавајќи ја обновената волја за соработка меѓу владите на двете земји и нагласувајќи дека конекциите меѓу двата соседни народа кријат потенцијал значително да се зголемат просперитетот и динамиката на односите“, во декларацијата се нагласува потребата да се продолжи заедничката работа за доброто на двете општества, во атмосфера на пријателство и меѓусебна доверба.
Во декларацијата двете земји нагласуваат дека се определиле за негување пријателски односи, меѓусебно почитување, мирен соживот и разбирање и изнаоѓање решенија за секој спор меѓу нив, во согласност со меѓународното право.