Barış Gündoğan
29 Март 2019•Ажурирај: 31 Март 2019
АНКАРА (АА) - Вооружените сили на Турција (ТСК) извршија воздушна акција на северниот дел на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за одбрана е соопштено дека акциите се извршени на подрачјето на Зап, Авашин и Хакурк. Цели беа засолништа и складишта со вооружување на терористите на ПКК, кои се уништени.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички групи во Турција, ЕУ и САД.