Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
08 Јуни 2020•Ажурирај: 08 Јуни 2020
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Турската крајбрежна стража денес спаси 36 мигранти, меѓу кои и жени и деца, кои биле истуркани назад во турските територијални води од страна на грчките сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според безбедносни извори, мигрантите со различна националност првично тргнале од Ајваџик кај Чанаккале, северозападна Турција, кон грчкиот остров Лезбос.
Тие патувале со гумени чамци кога биле пресретнати од Грчката крајбрежна стража која ги истуркала назад кон турските територијални води, велат изворите, кои побараа да останат анонимни.
Како дел од операцијата за спасување, Турската крајбрежна стража ја открила локацијата на мигрантите со дронови, а потоа ги донесе безбедно на брегот.
Од турските власти беше обезбедена храна и облека за мигрантите.
Турција е клучна транзитна рута за мигрантите кои сакаат да стигнат во Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогон.
Турција оваа година ги отвори своите премини за нерегуларните мигранти кои сакаат да преминат во Европа, обвинувајќи ја Европската Унија (ЕУ) дека не ги исполнила своите ветувања според договорот за мигранти склучен меѓу ЕУ и Турција во 2016 година.
Турција моментално е домаќин на над 3,7 милиони Сиријци, според што е земја со најголем број примени бегалци во светот.