Mustafa Kurt
29 Јули 2021•Ажурирај: 30 Јули 2021
АНТАЛИЈА (АА) - Екипи на терен се обидуваат да го стават под контрола пожарот во подрачјето на Аланија во турската област Анталија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пожарот, од засега неутврдени причини, избувнал во шумското подрачје во населеното место Јеникој.
На терен се наоѓаат голем број екипи кои од воздух и од копно се обидуваат да го стават под контрола пожарот кој се приближи до населеното место.