Cankut Taşdan
28 Мај 2017•Ажурирај: 28 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Турската крајбрежна стража во изминатите седум дена спречи 423 мигранти во обид за илегален премин во Грција преку Егејското Море, а уапси и еден криумчар на мигранти на таа рута, јавува Anadolu Agency (AA).
Министертвото за внатрешни работи на Република Турција соопшти дека турската крајбрежна стража во Егејското Море продолжува со интензивните акции со цел спречување на илегално движење на мигранти кон Грција.
Во соопштението се наведува дека во изминатите седум дена крајбрежната стража извршила вкупно десет акции во кои, при илегален премин во Грција фатени се вкупно 423 мигранти.
Истовремено, Воздушната единца на крајбрежната стража откри група од 82 странски мигранти и тројца криумчари во подготовка за пловидба кон Грција.
Околу 100 чамци, 24 хеликоптери, 12 авиони и шест мобилни радари учествуваат во акциите за надзор на движењето преку Егејското Море, една од најфреквентните рути по која мигрантите од Сирија, Авганистан и другите земји од регионот се обидуваат илегално да преминат во Грција.