Kadir Karakuş
28 Мај 2017•Ажурирај: 29 Мај 2017
АНКАРА (АА) – Турските вооружени сили (ТСК) во извршената воздушна операција врз регионот Авашин Басијан, во северниот дел на Ирак, во утринските часови неутрализирале 13 терористи кои се подотвувале за оружен напад, а уништени се и седум позиции на сепаратистичката терорситичка организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Генералштабот на турската војска е наведено дека околу 9 часот наутро е извршена воздушна операција врз регионот Авашин Басијан во северниот дел на Ирак, по добивањето на разузнавачки информации од тој регион.
Во извршената воздушна операција неутрализирани се 13 терористи, додека уништени се две пештери - засолништа на терористите, два бункера, како и три други позиции на сепаратистичката терористичка организација.
Исто така, во соопштението се наведува дека во текот на вчерашната воздушна операција врз населеното место Чатак, во турската област Ван, биле неутрализирани 10 терористи на ПКК, а уништени се пет позиции.