Burak Bir
06 Декември 2019•Ажурирај: 08 Декември 2019
ДИЈАРБАКИР (АА) - Турската полиција денес заплени над еден тон марихуана во антитерористичка операција во југоисточниот дел на земјата, јавува Aгенција Анадолија (АА).
Полицијата заплени 1.036 килограми марихуана, како дел од турската операција „Киран“.
Полицијата, исто така, уништи засолништа користени од терористичката организација ПКК.
Турција на 17 август оваа година ја започна операцијата „Киран“ во југоисточниот дел на земјата, насочена против терористите на ЈПГ/ПКК во областите Ван, Хакќари и Ширнак. Десет дена подоцна во областите Мардин, Ширнак и Батман е започната и операцијата „Киран 2“. Следуваа уште четири операции, а последната, „Киран 6“, започна во средата.
Терористичката организација ПКК ги финансира своите терористички активности преку трговијата со дрога уште оа 1980-тите години. Интерпол проценува дека 80 отсто од европскот пазар на дрога се снабдува од мрежите под контрола на ПКК.
Турските власти конфискуваат испораки со наркотици на ПКК уште од 1980-тите години.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.