Barış Gündoğan
06 Декември 2019•Ажурирај: 07 Декември 2019
АНКАРА
Турските сили во рамките на операцијата извршена во руралната зона на подрачјето на Тутак, кое се наоѓа во турската област Агри, неутрализираа четворица терористи заедно со нивните оружја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за внатрешни работи на Турција, во рамки на операциите за внатрешна безбедност, извршена е операција во руралната зона на подрачјето на Тутак од страна на тимовите на градската Жандармериска дирекција и градската Полициска дирекција.
Во текот на операцијата настана судир меѓу безбедносните сили на Турција и група терористи, во чии рамки се неутрализирани четворица терористи.
Безбедносните сили запленија еден калашников, еден пиштол, две рачни бомби, 2 шаржера, 4 чанти, бројни документи, оружја и др.
Операциите во регионот се во тек.