Merve Berker
24 Март 2021•Ажурирај: 25 Март 2021
ИСТАНБУЛ
Турската полиција денес во Истанбул приведе 18 лица, од кои 16 странски државјани, поради наводи за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, велат безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Полициските единици покренаа истовремени рации на 15 адреси во 10 подрачја за да ги фатат осомничените, кои наводно дејствувале во терористичката организација во Ирак и Сирија и се обиделе нелегално да влезат во Турција.
Тие во операцијата исто така запленија и дигитален материјал на терористичката организација.
Турција беше една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација во 2013 година.
Оттогаш во земјата беа извршени повеќе напади од терористите на ДЕАШ, односно најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки напади и 4 вооружени напади, во кои загинаа 315 лица, а беа повредени стотици други.
Како одговор на нападите, Турција започна антитерористички операции во земјата и во странство за да спречи нови напади.